Брзата пруга во Коридорот 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски. Станува збор за железничката линија со која од Будимпешта преку Србија и Македонија ќе се стига до Атина со брзи возови, како дел од европската железничка мрежа.
Реконструкцијата на македонскиот дел од пругата ќе чини не повеќе од 2 до 2,5 милиони за километар, според досегашните проценки.
По пругата ќе се вози со брзина од 110 до 120 км/ч.
Во моментот се преговара со компанија која треба да обезбеди проток на милион тони годишно по неа.
Како што објасни премиерот, кога дошле на власт, Македонија немала ниту една активна локомотива, па странските компании сериозно размислувале транспортот да го префрлат преку Бугарија.
Сега, имаме осум локомотиви на располагање, пренесе премиерот Мицкоски.
Неодамна, премиерот посочи дека оваа Влада работи на сонот Македонија да bide раскрсница транспортна, железничка и енергетска раскрсница.