strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“
СВЕТ

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Објавено April 14, 2025 09:17
strana.mk
Сподели
Сподели

Додека Очите на Европа и на Запад главно се насочени кон војната во Украина, тензиите на Западен Балкан растат се повеќе и повеќе. Врвот на британската власт го нарекува регионот „уште едно жариште“ и предупредува дека рускиот претседател Владимир Путин го користи моментот за да ги дестабилизира поранешните југословенски земји, да ја поттикне поделбата и да го турка регионот подалеку од ЕУ и Западот и поблиску до Москва и Пекинг, пишува Политико.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами го посети регионот минатата недела за да ја потврди британската поддршка за проширувањето на Европската унија во сите шест земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.

„Со војната во Европа и долгата рака на руското учество и овде, би било крајно неодговорно да се игнорира Западен Балкан“, изјави Лами за Политико.

Според Лами, целта на Путин не е помирување, туку постојана нестабилност и немири. „Во негов интерес е да го држи регионот на работ, да ги одржува општествата немирни и да ги одржува конфликтите поттикнати од сајбер и хибридната војна“, рече тој.

Многу западни дипломати веруваат дека Кремљ би можел да ги искористи длабоко вкоренетите етнички и верски тензии за да поттикне нови конфликти и да го зајакне своето влијание во дворот на Европската унија.

Британски функционер предупреди дека Балканот мора брзо да оди напред, бидејќи Брисел наскоро би можел да биде преокупиран со влезот на Украина во ЕУ. „Прозорецот на можности е многу тесен. Балканот повеќе не може да седи на две столчиња“, рече тој.

Србија: меѓу ЕУ и „мрачната визија“
Иако Србија преговара за влез во ЕУ од 2009 година, британскиот министер признава дека постојат две визии за иднината на земјата – едната ориентирана кон Европа, а другата поавторитарна, со поголема контрола, корупција и блискост со Русија. На белградските улици јасно се гледаат овие поделби.

Бранот масовни студентски протести, кои траат од ноември минатата година кога 16 лица загинаа при уривање на настрешницата на станицата во Нови Сад, секојдневно ги блокираат патиштата. Протестите се проширија и на противењето на планираниот луксузен комплекс на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, на местото на поранешното Министерство за одбрана, кое беше бомбардирана од НАТО во 1999 година.

Знамињата на ЕУ не се веат на протестите, а многу студенти сметаат дека Брисел е соучесник на корупцијата против која се борат. Паралелно со Вучиќ се преговара за членство и се прават обиди да му се приближат поради српскиот литиум“, велат организаторите, истакнувајќи го лицемерието на европската политика.

Србија не ја признава независноста на Косово, одбива да воведе санкции кон Русија и продолжува да ги продлабочува воените и економските односи со Москва и Пекинг. „Парадоксот живее овде“, рече Лами, кој вели дека Путин го сака Западен Балкан како „следното игралиште“.

БиХ: Додик како нарушувачки фактор
Во Босна и Херцеговина, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се соочува со правосилна пресуда за непочитување на одлуките на меѓународниот висок претставник. Наместо да биде уапсен, Додик слободно се движи, неодамна беше во Белград со Вучиќ, а потоа во Москва со Путин.

Иако САД и Велика Британија веќе воведоа санкции против него, британската политичарка Арминка Хелиќ бара построги мерки. „Ова не е брз рез, туку бавна инфекција“, вели Хелиќ, која и самата избегала од Босна и Херцеговина за време на војната.

Предупредува дека Западот е премногу пасивен кон ширењето на влијанието на Русија на Балканот, кое се спроведува преку црквата, медиумите, дезинформациите и политичките сојузи.

Хелена Иванов од британскиот тинк-тенк Henry Jackson Society смета дека Западот може повторно да задоцни, како што задоцни во 1990-тите. „Не е во прашање војна, но тие би можеле да се разбудат во време кога руските и кинеските влијанија се веќе длабоко вкоренети и тогаш ќе биде предоцна“, рече таа.

Заедничкиот заклучок на британските претставници, како и политичките аналитичари е јасен: доколку ЕУ и пошироката меѓународна заедница не дејствуваат брзо и решително, Путин би можел да го претвори Балканот во нова зона на конфликт и нестабилност, исто како што направи во Украина.

TAGGED:Западен БалканРусија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Почина нобеловецот Марио Варгас Љоса
Следна статија Никола Јокиќ ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на НБА лигата

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени…

June 19, 2025
Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево преку социјалните мрежи…

June 18, 2025

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој…

June 19, 2025

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран…

June 19, 2025

Од септември ново покачување на пензиите

Од септември ќе има повторно покачување…

June 19, 2025

Што се случува со СДСМ?

Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни…

June 19, 2025

РАЗНО

СВЕТ

САД: Откази за преостанатиот персонал на USAID

Американската претседателска администрација го извести Конгресот во петокот дека ќе ги укине речиси сите преостанати позиции во Американската агенција за…

March 29, 2025
СВЕТ

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно и дека тоа е прашање на…

May 4, 2025
СВЕТ

Основачот на модната куќа „Манго“ загина во планинарска несреќа

Основачот на модната куќа Манго Исак Андик (71) загина во несреќа додека планинарел во околината на Барселона, соопштија денеска извори…

December 14, 2024
СВЕТ

Цели на израелскиот интензивен напад биле 20 ирански воени локации

Израел го заврши тричасовниот воздушен напад врз ирански цели рано во саботата, 25 дена по балистичкиот ракетен напад на Техеран…

October 26, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?