Британската Национална метеоролошка служба издаде предупредување за силни ветрови што ја погодија земјата по бурата Дара.
Во најголемиот дел од Англија и Велс утринава во 6 часот по локално време беше издаден жолт метеоаларм, додека Северна Ирска се соочи со налети на ветрот од 97 км/ч, пренесува „Скај њуз“.
Очекуваната јачина на ветерот во најголемиот дел од Англија и Велс ќе биде од 56 до 73 км/ч, додека силни налети од 113 км/ч ќе ги погодат крајбрежните области.
Според „Скај њуз“, бурата Дара досега одзеде два животи, а околу 259.000 домаќинства останаа без струја.