Бурни реакции во јавноста по вчера објавената пресуда се возачот кој прегази млада девојка на пешачки премин во Тетово.
Основниот суд во Тетово донесе пресуда со која возачот Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во која трагично загина 22-годишната Теодора Ристевска од Тетово. Несреќата се случи во август 2022 година, но судскиот процес траеше повеќе од две и пол години, оставајќи ја нејзината фамилија во неизвесност и болка.
Јавноста реагира дека и тоа малку доверба што е останата во судството и правдата веќе ја нема. Еве дел од реакциите на социјалните мрежи:
Се ми се чини дека овој “судија“ добил наредба од ДУИ намерно да донесе ваква срамотна пресуда за да се створи гнев кон власта демек дека не прави ништо.
п.с. ДУИ го стави за судија ! https://t.co/3ffClLaMx3
— Риал Бериќет 𝕏 (@BerikjetMK) April 8, 2025
Јавноста во шок и неверување по најновата пресуда на Основниот суд во Тетово.