Бугарскиот пејач Азис ја фрли својата долгогодишна женска маска, целосно трансформирајќи го своето тело во теретана, а денес многумина ги тријат очите кога ќе го видат, речиси непрепознатливо.
Васил Тројанов Бојанов, попознат како Азис, во текот на неговата музичка кариера ги воодушевуваше луѓето со своите потези. Кога се појави на сцената се облекуваше како жена, се шминкаше, ја фарбаше косата и носеше штикли, но и покрај таквото шокантно однесување, никој не можеше да го негира неговиот талент за пеење.

Азис во еден момент направи голем пресврт во кариерата, ја симна маската на жената и ја покажа својата вистинска личност. Редовно оди во теретана, има безброј тетоважи на телото.