Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави веста за паѓањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, наведувајќи дека конечно „паднала варварската држава“.
Макрон на платформата Икс напиша дека Франција ќе остане посветена на безбедноста на сите народи на Блискиот Исток.
„Варварската држава падна. Конечно. Му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст, за трпението. Во овој момент на неизвесност, им посакувам мир, слобода и единство“, наведе Макрон.