Вардар ја победи Лозана со 2:1, во првиот натпревар од второто квалификациско коло за пласман во главната фаза во Конференциската лига.
Вардар може да жали што не успеа да стекне поубедлива предност пред реваншот во Швајцарија наредниот четврток. Лошите 15 минути на почетокот на вториот дел, кога Вардар, впечатокот е без потреба за повлече и овозможи на Лозана да има активен резултата пред возвратниот дуел.
Црвено-црните апсолутно го контролираа натпреварот во првото полувреме, играчите на Лозана не упатија ниту еден удар кон голот на Талески. Во финишот на првиот дел, во 47.минута, Тодороски упати удар од 18 метри, голманот на Лозана ја одби топката на неа налета Мато и ја закова во голот.
Притисокот на стартот од второто полувреме, Швајцарците го материјализраа со прекрасниот гол на Дијаките. 19-годишникот со десната нога го погоди левиот горен агол од голот на Вардар.
Овој гол ги раздвижи Вардарци, Мато пропушти две шанси, а во 78.минута по една мешаница пред голот најдобро се снајде Омерагиќ кој го постави конечниот резултат.