Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените од Преговарачката рамка. Јас сум пријател на Бугарија.
Ова го изјавил во интервју за БГНЕС известувачот на ЕП за Северна Македонија, Томас Вајц. Денес Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) гласаше „за“ неговиот извештај.
На прашањето дали мисли дека сегашната влада на Северна Македонија навистина сака да ги спроведе измените што се бараат со Преговарачката рамка за да стане членка на ЕУ Вајц одговори:
„Не знам. Она што знам е дека огромното мнозинство во ЕП сака да ја поддржи Северна Македонија и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој. И јас се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија.
На прашањето дали Мицкоски „спровел организирана кампања во Брисел“ за да влијае врз документот, Вајц одговорил дека ја работи својата работа врз основа на фактите и што е можно пообјективно.
„Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судскиот систем, медиумите… И токму тоа го направив во овој документ“, рекол Вајц.
Околу дилемата пак со која се бават бугарските медиуми и полтичари – дали ЕП и АФЕТ имаат надлежност да го валидираат јазикот и идентитетот Вајц повторно одговорил индиректно.
„Оовој документ е за состојбата на процесот на пристапување. Да, дел од овие вредности е правилното вклучување на малцинствата. Во овој случај, имаше многу дебати за вклучување на бугарската заедница, што е одразено во текстот. Но, освен тоа, како што веќе реков, се поставува прашање на државата за владеење на правото – ова е процес базиран на заслуги, а билатералните прашања мора да се решаваат меѓу самите страни.
На забелешката дали ова сепак е билатерално прашање или прашање на целата ЕУ бидејќи Преговарачката рамка била прифатена од земјите членки, Вајц рече дека во сегашната геостратешка реалност Европланите треба да бидат обединети и да дадат приоритет на она што ги обединува.
„Ова нема да ни помогне да напредуваме заедно. Се сметам за голем пријател на земјите од Западен Балкан, како и за голем пријател на Бугарија. Мислам дека ако го ставам на дневен ред она што нè обединува, тоа ќе биде во најдобар интерес на нашите земји и за нашите народи“.
„Дали лично бевте под влијание на премиерот на Северна Македонија Мицкоски или други европски лидери?“- праша новинарот на БГНЕС на што Вајц одговори со категорично „не“.