strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
МАКЕДОНИЈА

Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка

Објавено July 9, 2025 17:57
strana.mk
Сподели
Сподели

Мислам дека за признавање на идентитетот и јазикот на земја кандидат за членство би требало да биде природна и непробелматична работа, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц во однос на невклучувањето на термините македонски јазик и идентитет во усвоената верзија на неговиот Извештај.

На прес-конференција по усвојувањето на Извештајот за земјава за 2023 и 2024 година од страна на ЕП, Вајц посочи дека амандманите на првичната верзија на документот за признавање на македонскиот идентитет и јазик потекнувале од четири групи во Европскиот парламент.

  • Не мислам дека тие беа грешка, но во демократски процес се одлучи таа тема да не се вклучува во овој Извештај. Мислам дека тоа е демократска одлука што треба да се прифати и ја прифаќам, рече Вајц.

Тој нагласи дека Европската Унија е изградена врз принципите на помирување и добрососедски односи, а исто така и на признавање на злосторствата од минатото, што треба да се направи за потоа да се продолжи кон изградба на заедничка иднина.

  • Мислам дека треба да се фокусираме на тоа. Сите земји од Западниот Балкан, сите земји од регионот, треба да се фокусираат на тоа за доброто на нашите граѓани, за подобар економски развој, за подобар општествен развој, а особено во сегашната геостратешка состојба, според мене, од најголема важност е да останеме сплотени и да ги здружиме силите во одбрана на нашите европски вредности во овој прилично непријателски глобален свет, рече Вајц, додавајќи дека ваквиот став тој им го пренесува и на неговите македонски и бугарски колеги.

Во однос на забелешките од некои бугарски европратеници за прекршување на парламентарните процедурите при подготовката на Извештајот, Вајц нагласи дека против него се води „масовна кампања на клевети“ која е апсолутно неоснована и дека тој целосно ги следел правилата на Европскиот парламент.

Вајц истакна дека ова е Извештај на Европскиот парламент за земјава, па од таму како би можело да биде несоодветно да разговара со македонски претставници кога го пишува документот.

Тој додаде дека Извештајот содржи многу теми за различни области и дека во врска со него фокусот треба да биде на нив и на тоа каков е напредокот на земјата.

Вајц потсети дека ова е прв усвоен Извештај на ЕП за земјава од 2022 година и неговото одобрување со значајно двотретинско мнозинство претставува поттик за државата да продолжи напред кон ефективен почеток на пристапните преговори.

  • Северна Македонија, како земја што аплицираше за членство пред 20 години, беше предводник заедно со Словенија, а гледаме каде е денес Словенија, додека земјата се уште се бори да одржи соодветното мнозинство што ја поддржува Европската Унија, бидејќи сето ова создаде или создава големо разочарување во земјата, рече Вајц.

Тој нагласи дека во Извештајот се говори многу за утврдениот напредок на земјата и се наведува дека таа е доверлив партнер, особено кога станува збор за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

  • Зборуваме за земја што спроведува реформи и поради долгиот период како апликант за членство, таа веќе имплементираше доста законски регулативи во согласност со европското законодавство, рече Вајц.

Европратеникот нагласи дека кога конечно земјата ќе ги усвои уставните амандмани „што ги штитат правата на малцинствата“, веднаш ќе може да започне ефективни преговори за членство.

  • Се надевам дека овој извештај придонесува за олеснување на патот за започнување на овие ефективни преговори, додаде Вајц.

Според него, во документот се говори и за реформите што треба да се спроведат, за состојбата во земјата која се уште е под европските стандарди, за владеењето на правото, независноста на судството, борба против корупцијата, како и за еколошките стандарди во оваа, како што рече, прекрасна земја со прекрасно природно наследство, но исто така и со недостиг во управувањето со отпадот и отпадните води и загадување на воздухот.

Македонија е земја каде што граѓанското општество има простор за делување, има простор да ги изрази своите мислења и да работи, што не е случај на целиот Западен Балкан. Зборувавме за земја која се обидува да ги преземе потребните чекори кон започнување на пристапните преговори. Важно е што сега го имаме овој Извештај и мислам дека ова е добар чекор напред и со овој оптимизам што го внесувам во овој процес, уверен сум дека ќе бидеме од корист да ја водиме земјата кон потребните реформи, да го поздравиме напредокот што веќе е постигнат и да ја охрабриме Владата да ги преземе неопходните чекори за конечно да почнат пристапните преговори, додаде Вајц.

TAGGED:идентитетИзвештајмакедонски јазикпредлозитомас вајц
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Ова е нашиот Крушевски манифест, светот го виде вистинското лице на Бугарија
Следна статија Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво по објавата на Трамп за царините

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Сиљановска – Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи

Колку сме поединствени, толку ќе бидеме поотпорни на било какви предизвици. Верувам во регионалното единство и повикувам на јасен, силен,…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Невреме со пороен дожд и грмежи, граѓаните да бидат внимателни

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм поради најавени нестабилни временски услови што ќе ја зафатат земјата во текот…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поставен камен-темелникот на новата спортска сала во Воената академија во Скопје (ФОТО)

Денеска, заеднички испишуваме ново поглавје во развојот на спортската инфраструктура и вложувањата во младите кадри – истакна министерот за спорт,…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи

Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп,…

October 4, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?