Четири автомобили вечерва учествуваа во верижен судир на улица „Илинденска“ во центарот на Скопје, објави порталот „24 инфо“ наведувајќи дека три возила имале посериозна штета.
Сообраќајката се случила околу 17 часот и 40 минути на делот од булеварот меѓу Владата кон фонтаната во Градскиот парк. Од МВР соопштија дека двајца се повредени во судирот.
Нешто подоцна, две коли се судриле и на булеварот „Партизански Одреди“ спроти Лептокарија, пишува „4news.mk“.
Двете возила се сериозно оштетени. Засега нема информации за евентуални повредени во двете несреќи.