Во тешка сообраќајна несреќа на патот меѓу Нови Сад и Инџија во која утрово се повредени 36 лица, животот го загуби Н.Ш. (18) од селото кај Марадик, а како што дознава „Блиц“, тој го управувал автомобилот со пробна возачка дозвола кој удрил во автобус полн со патници и се движел во правец на Инџија.
Автобусот завршил во ендекот, а возачот на автомобилот починал на местото на настанот.
Според информации на српски медиуми, младо лице на возраст од 18 години возел диво и престигнувал возила, а возачот на автобусот се обидувал да го избегне.
„Не знам што точно се случи. Сè се случи додека се разминувавме. Одеднаш видовме автомобил како врти во нашата лента. Возачот се обидел да го избегне, нагло свртел надесно, но не успеал да избегне директен судир со, како што подоцна дознавме, момчето кое управувало со автомобилот“ – изјави за „Блиц“ еден од патниците во автобусот.
Сите повредени патници се згрижени во болниците во Нови Сад, Белград и Сремска Митровица.
На терен излегоа сите екипи од Здравствениот дом Инџија и една екипа од Здравствениот дом Стара Пазова.