strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: (ВИДЕО)Николоски: Потребна е економска соработка, инвестиции и политики на просперитет како приоритет за развој на регионот
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > (ВИДЕО)Николоски: Потребна е економска соработка, инвестиции и политики на просперитет како приоритет за развој на регионот
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

(ВИДЕО)Николоски: Потребна е економска соработка, инвестиции и политики на просперитет како приоритет за развој на регионот

Објавено November 17, 2025 13:22
strana.mk
Сподели
Сподели

На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка, повеќе инвестиции, поголема трговска размена, повеќе бизниси и тоа е нешто што ќе придонесе кон поголема демократија, просперитет, владеење на правото и заедничка соработка меѓу нас. Никој не веруваше дека во 21 век на европска почва ќе има војна, наместо да зборуваме за економија, зборуваме за војна. Ова е аларм за сите нас, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето експозе на отворањето на Виенскиот економски форум.

Тој потенцираше дека перцепцијата од придобивите од членството во ЕУ е се уште голема, но го истакна примерот со Македонија и нејзината неизвесност кон приклучување на Унијата. Додаде дека економската соработка е клучен фактор за стабилизација и соработка меѓу државите.

Во подолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Александар Николоски:

„Благодарам за поканата и за оваа можност. Ќе започнам со она што сега е најважно прашање, а тоа е она што се случува во Европа. Сојузната министерка спомена дека е родена во 1994, а Австрија се приклучила во 1995. Јас ќе ви раскажам поинаква приказна, роден сум во 1984, а кога веќе бев во средно училиште, станавме прва земја во регионот која ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како што се нарекуваше во тоа време и станавме придружна членка на ЕУ. Од тогаш имаме договор за слободна трговија, за слободно патување итн. Веќе во 2008 година, кога веќе бев во првиот мандат како пратеник во Собранието, најмладиот во тоа време, ја добивме првата препорака за отворање на пристапни преговори, a во 2009 веќе го добивме и првото вето за отворање на преговорите. И тоа вето се’ уште трае. Прво беше од нашата јужна граница, сега е од источната граница и за жал, се соочуваме со она што го има кажано Черчил во времето на Втората светска војна дека “Балканот произведува премногу историја и Европа не може да ја испроцесира”. Мислам дека никој не веруваше дека во 21-от век ќе има војна на европско тло и мислам дека таа перцепција дека само позитивни работи ќе се случуваат во Европа, дека ќе има постојан економски раст, дека ќе зборуваме само за прашања поврзани со храна, остави простор за Европската Унија да биде релаксирана, да остави процесот да тече сам, ако се случи – добро, ако не се случи – нема проблем, секако се дел од континентот, сега зборувам за целиот Западен Балкан, но она што се случи во 2021 година, сметам дека е аларм за сите нас, бидејќи мислевме дека нешто сме оставиле зад нас, а тоа ни се враќа. Повторно зборуваме нуклеарни проби, ракетни системи, за радари, дронови, анти-дронови, зборуваме за војна, за милиони изгубени животи досега, што не’ води до реалноста дека европскиот континент е само мал дел од слобода, демократија и економски просперитет и за жал, некои од големите играчи го перципираат светот поинаку од нас, не ги споделуваат нашите вредности, нашите заеднички цели и не живеат како што живееме ние и сакаат конфликт наместо просперитет. И затоа сметам дека ако треба да се запрашаме кој е најслабиот дел од европскиот континент, некои ќе речат Грузија, некои Молдавија, јас би рекол дека е Западен Балкан. И затоа сметам дека фокусот е многу важен – јасен фокус и јасна визија. Она што ме плаши и ќе бидам искрен е дека ќе се разбудиме во 2029 година, тука, ако не’ поканите и се’ уште ќе зборуваме за проширувањето, дека ќе биде убаво и дека ќе се случи. Бидејќи ова не е првпат да сме тука, да има динамика. Во 2000 беше Самитот во Солун, потоа во 2007 кога се приклучија Бугарија и Романија, ни велеа дека ние сме следните, а да не ви ги кажам сите отворени прозорци за кои сме слушале и сите клучни моменти. Она што е позитивно е што енергијата во регионот се’ уште е висока, јавното мислење е во полза на приклучување на Европската Унија и другите сили се’ уште не ѝ се конкуренција на ЕУ. Но прашање е дали тоа ќе биде засекогаш и затоа сметам дека треба да бидеме мудри и храбри, но и да зборуваме отворено и директно и да бидеме фер: ако нема проширување, тогаш да видиме што ќе се случува, ако е пакет, тогаш да дискутираме дали може да функционира или не. Подобро е на луѓето да им се каже вистината отколку постојано да ги лажеме или да им даваме лажни ветувања или да подгреваат очекувања кои потоа нема да се остварат. И затоа сметам дека економската соработка е суштината на приоритетот во регионот. Не зборувам само како претседавач на Економскиот совет на Владата и како вицепремиер или министер за транспорт, туку и како човек кој има искуство во овој свет и затоа мислам дека најважен е економскиот раст на регионот. Може да видиме голем број на луѓе кои го напуштаат регионот. Ќе ви кажам еден мал пример: пред еден месец имавме локални избори и некои општини немаат градоначалник бидејќи не можат да дојдат до цензус од 33% излезност. Зошто? Најголем дел од луѓето не се тука, преселени се во централна или западна Европа. Затоа мислам дека е важно да се фокусираме на економијата. Австрија игра огромна улога во регионот, многу австриски компании се присутни во регионот, работат добро, добредојдени се и мислам дека тоа е најдоброто што можеме да го направиме заедно – да носиме повеќе инвестиции, да имаме поголема размена, повеќе бизниси, што мислам дека потоа ќе придонесат кон други работи што ги споделуваме – демократија, просперитет, владеење на право и заедничка соработка меѓу нас. Повеќе ќе зборуваме утре, уште еднаш ви благодарам, навистина е чест и голема можност, благодарам и на сите ни посакувам успех и плодни дискусии“.

TAGGED:Александар Николоски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (ВИДЕО) МВР го расчисти случајот со видеото на кое 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат
Следна статија (ФОТО) Мицкоски на средба со претставници од Германско-македонската стопанска комора

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Хотелиерите во Охрид, Преспа и Дојран во август инкасирале најмалку 25 милиони евра

Оваа година хотелиерите и угостителите во земјава се задоволни од летната туристичка сезона. Тоа го покажуваат податоците на Државниот завод…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две…

November 28, 2024
НАСЛОВНИСПОРТ

ЕХФ конечно со одлука: Алкалоид е освојувач на Европскиот куп!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за натпреварот со Алкалоид-АЕК во Скопје, во рамки од финалето во Европскиот Куп. „ЕХФ Судот…

June 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Милетиќ: ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија ќе работи и за празниците со цел граѓаните да бидат обезбедени

Пред почетокот на празниците, на последниот ден од годината направив последна обиколка на сите дежурни пунктови кои се екипирани и…

December 31, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?