Фудбалерите на Интер и Арсенал им се приклучија на Барселона и Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Топчиите“ го елиминираа европскиот шампион Реал, победија во Мадрид со 2:1 и со вкупен резултат 5:1 се пласираа во полуфиналето. Во Милано Интер и Баерн одиграа 2:2, италијанскиот шампион со вкупни 4:3 влезе меѓу најдобрите четири екипи во Европа.
Реал не успеа да направи уште едно чудо на „Бернабеу“ во Мадирд. По поразот 3:0 во Лондон, Реал имаше тешка задача и уште потежок противник. Арсенал упте еднаш тактички одигра перфектно.
Ритамот и концентрацијата не им ги поремети ниту промашениот пенал на Букајо Сака во 12.минута. Несериозно, Сака се обиде со „Паненка“, но лошо го направи тоа и Тибо Куртоа го прочита одбрани.
Реал го имаше поседот на топката, но тоа не му донсе резултат. Како одминуваше натпреваро видлива беше нервозата кај играчите во бели дресови. Колку беа немоќни најдобро покажува податокот дека во текот на целиот меч немаа ниту една сериозна шанса, а првиот удар во рамките на голот го упатија во 58.минута.
Сака беше тој што му донесе водство на Арсенал во 65. минута. Само две минути подоцна Винисиус успеа да израмни, по катастрофалната грешка на Вилијам Салиба, но тоа беше се од Реал.
Мадриѓаните сакаа барем почесна победа, но наместо тоа Мартинели погоди во третата минута од судиското надополнување и им донесе нова победа и големо славје на „топџиите“ во Мадрид.
Арсенал во полуфиналето ќе игра против Пари Сен Жермен, кој во претходните две кола елиминира два англиски клуба Ливерпул и Астон Вила.
Многу поголеми возбудувања и неизвесност имаше на „Џузепе Меаца“ во Милано. Интер во реваншот влезе со предност од 2:1, по дуелот во Минхен.
Сите четири гола беа постигнати во вториот дел. Баварците поведоа со голот на Хари Кејн во 52. минута и ја најавија драмата.
Меѓутоа, Интер многу брзо не само што возврати, туку целосно го сврте резултатот. Само девет минути подоцна веќе беше 2:1 за „нероаѕурите“.
Најпрвин Лаутаро Мартинез го постигна 150-от јубилеен гол за тимот од Милано, а потоа Бенџамин Павард ја погоди мрежата на својот поранешен клуб.
Гостите не се предадоа и Ерик Даер успеа да израмни во 76. минута, со прекрасен гол од мртов агол.
До крајот на мечот Баерн напаѓаше во бранови, пропушти неколку добр шанси, од кои две во последните 90 секунди преку Милер и Коман, но не успеа да избори продолженија.
Во полуфиналето Барселона ќе игра против подобриот од двата меча Интер – Баерн, додека Пари Сен Жермен ривал ќе биде Арсенал или Реал Мадрид.
Полуфиналните натпревари се закажани за 29 и 30 април, реваншите на 6 и 7 мај.