Клуб Бриж, Баерн Минхен, Феенорд и Бенфика се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Феенорд успеаја да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако ремизираа на „Сан Сиро“ против Милан во реваншот 1:1.
„Росонерите“ имаа уште подобар старт во реваншот. Мечот практично не ни започна, а Милан поведе со голот на поранешниот најдобар стрелец на Феенорд, Мексиканецот Сантијаго Хименез. Во 36.секунда Хименез постигна гол.
Во 23. минута можеше да биде 2:0, кога голманот на гостите Тимон Веленрајтер го одбрани ударот на Жоао Феликс, а потоа Тео Ернандез ја погоди стативата.
Во финишот на првото полувреме одлична шанса имаше и Рафаел Леао, но домашните на одмор заминаа со гол предност.
И второто полувреме започна со иницијатива и шанси на играчите на Милан, а потоа Тео Ернандез капутенот на Милан му направи штета на својот тим. Се обиде да избори пенал, доби втор жолт, автоматски црвен картон и ги остави соиграчите на цедило до крајот на натпреварот.
Од тој момент играчите на Феенорд ја презедоа инцијативата, која вроди со плод во 73.минута кога резервниот напаѓач Карабца, постигна убав гол по центрашутот на Буено.
По Милан, италијанскиот фудбал остана без уште еден тим во елитното натпреварување. Актуелниот освојувач на Лига Европа, Аталанта, не успеа да ја оправда фаворитдката улога против Бриж.
Шампионите на Белгија, вечерва во Бергамо победија со 3:1.
Аталанта промаши буквално се на овој натпревар, а Бриж максимално ги користиеше своите шанси. Тинејџерот Талби постигна два гола во третата и 27.минута, а Џутла зголеми на 0:3 во финишот на првиот дел . Лукнан погоди веднаш на стартото на второто полувреме, а сите надежи на Аталната дека може да се врати во натпреварот пропаднаа во 38.минута кога Мињоле му одбрани пенал на Лукман.
Баерн, во Минхен се мачеше против Слетик. Гостите од Глазгов имаа две добри шанси во првиот дел, но резултатот на семафорот не се смени се до 63.минута, кога Кун ја искористи грешката на Кин.
Баварците избегнаа продолженија, буквално во последните секунди, со среќниот гол на Дејвис.
Во Лисабон, Бенфика водеше, па два пати губеше од Монако, а во 81.минута Кокчу ги постави конечните 3:3.