Видео објавено на интернет го покажува последниот момент од животот на лидерот на милитантната група Хамас, Синвар. Без една рака облечен во елек, затрушан во урнатините на уништена зграда пробува да го бутне дронот фрлајќи стап, сугерира снимка од беспилотното летало која ја објави израелската војска, пишува „Гардијан“.
Во моментот кога била направена снимката, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари кажал дека Синвар бил идентификуван само како борец кој се крие во зградата.
Војската потоа испукала дополнителна граната врз зградата, предизвикувајќи таа да се урне и да го убие, рече Хагари. Тој рече дека Синвар бил пронајден со панцир, гранати и со 40.000 шекели (околу 10.707 долари).
Според Хагари, Синвар сам побегнал во една од зградите.
Од друга страна, Хамас не го коментираше убиството на Синвар.