Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите семејства од Кочани кои беа погодени од неодамнешниот пожар.
„Во вакви моменти мораме да си помагаме. Ако барем малку можам да придонесам со мојата работа, тоа ќе го направам со цело срце“, изјави Горѓиев, кој веќе контактирал со неколку семејства и подготвено ја започнал акцијата.
Овој гест предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните масовно му изразуваат благодарност и почит.Во време на несреќи и загуби, ваквите примери на добрина нè потсетуваат дека човечноста е сè уште жива.