Палеонтолозите откопаа череп од пахириносаурус тежок дури 272 килограми во близина на градот Гранд Прери во Алберта, објави денеска Би-би-си.
Овој тревојад се шетал по пустините на Алберта пред 72 милиони години.
Черепот, кој експертите го нарекоа Биг Сем, е најголемиот череп пронајден во Пајпстон Крик, јави Би-Би-Си.
Палеонтологот Емили Бамфорт од Музејот на диносаурусите изјави дека покрај коските на возрасните, има и стотици остатоци од помлади.
Таа додаде дека примерокот на Биг Сем бил совршено зачуван, бидејќи бил пронајден наопаку, што покажува дека овој диносаурус лежел на грб кога умрел.