Вулкан на далечниот исток на Русија еруптираше за прв пат по повеќе од 500 години, што може да се поврзе со силниот земјотрес од минатата недела, велат експертите.
Вулканот Крашениников на Камчатка исфрли пепел до шест километри во ноќта од сабота кон недела.
Нема закани за населените области, објави руското Министерство за вонредни ситуации.
Неколку часа подоцна, уште еден голем земјотрес во Русија доведе до предупредувања за цунами во три области на полуостровот.
🌋 A sleeping giant has awakened in Kamchatka — the first-ever recorded eruption of the Krasheninnikov volcano has begun
The volcano is erupting for the first time since scientists began monitoring it.
The Institute of Volcanology (FEB RAS) confirmed volcanic activity,… pic.twitter.com/8jD0fvFlrb
— NEXTA (@nexta_tv) August 3, 2025
И двата настани може да се поврзани со моќен земјотрес од 8,8 степени што погоди слична област минатата недела и предизвика предупредувања за цунами дури до Француска Полинезија и Чиле.
Руските експерти предупредија дека се можни силни потреси во неделите по земјотресот во среда, кој беше еден од најсилните досега регистрирани и предизвика евакуација на милиони луѓе.
Земјотрес од 3 август со магнитуда од 7 степени според Рихтеровата скала ги погоди Курилските Острови и може да доведе до бранови до 18 сантиметри, објави руското Министерство за вонредни ситуации.
Во него се вели дека луѓето во три области на Камчатка „сè уште мора да се оддалечат од брегот“, и покрај ниските висини на брановите.
Последната регистрирана ерупција на Крашениников била во 15 век, според раководителот на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка.
Олга Гирина, исто така, рече дека тоа може да биде поврзано со претходен земјотрес со јачина од 8,8 степени, според руската државна новинска агенција РИА.
Полуостровот Камчатка е оддалечен, но се наоѓа во „Тихоокеанскиот огнен прстен“ – така наречен поради големиот број земјотреси и вулкански ерупции.