МЛС натпреварот помеѓу Ванкувер Вајткепс и Остин ФК беше накратко прекинат во седмата минута кога глушец излезе на теренот.
Сите проблеми ги реши голманот на Остин, Бред Стувер, кој го отстрани неочекуваниот гостин од теренот.
Имаше само седум минути игра кога гостинскиот Остин изведе корнер, но судијата потоа го насочи вниманието кон средината на теренот, каде што глушец втрча на теренот. „Покажувајќи дека може да спасува повеќе од само голови, голманот од Остин, Бред Стувер ги искористи своите брзи рефлекси за да го фати глодарот и да го однесе до работ на теренот, по што играта можеше да продолжи по нешто повеќе од една минута пауза“, според ESPN.
Austin FC goalkeeper Brad Stuver just CAUGHT A MOUSE ON THE FIELD in Vancouver
I love this league. pic.twitter.com/oh85oVvvmq
— Tom Bogert (@tombogert) April 12, 2025
Четири гола на Брајан Вајт
„Навивачите на Ванкувер го наградија Стувер со заслужен аплауз за неговата интервенција“, се посочува во текстот и се додава дека паузата не ги попречи играчите на Ванкувер, кои блескаат во лигата оваа сезона.
Натпреварот заврши со победа на Ванкувер од 5:1, а четири гола постигна напаѓачот на САД, Брајан Вајт.