Ноќеска избувнал голем пожар на излезот од Кочани, во близина на бензинската пумпа „Авто Петрол“ кај населбата Оризари. Како што пренесуваат медиумите, пожарот зафатил неколку паркирани автобуси на плацот.
Во моментов нема официјални податоци за причините кои довеле до пожарот, ниту за висината на материјалната штета.