ЛА Лејкерс ја забележаа првата победа на отворањето на лигата од 2016 година. Избраниците на Џеј Џеј Редик ја совладаа Минесота и потврдија дека со нова енергија повторно може да се надеваат на добар пласман на Западот. Лејкерси во голем дел ја контролираа играта и на крајот стигнаа до триумфот, 110:103.
Натпреварот го обележа семејството Џејмс. За прв пат во историјата, татко и син, Леброн и Брони Џејмс, беа заедно на теренот и тоа во ист тим.
LeBron James.
Bronny James.
The first father-son duo to play together in the NBA! pic.twitter.com/naadFLoPmh
— NBA (@NBA) October 23, 2024
Лејкерси се одлепија во втората четвртина, а до победата ги предводеше Ентони Дејвис со 36 поени и 16 скока. Руи Хачимура мечот го заврши со 18 поени и пет украдени топки. Леброн Џејмс постигна 16 поени со пет скока и четири асистенции, Остин Ривс додаде 12 поени со девет скока, а Џексон Хејс застана на десет поени.
Во тимот на Минесота се истакнаа Ентони Едвардс со 27 поени и шест скока, Џулиус Рендл со 16 поени и девет скока, односно Никел Александар-Викер со 14 поени и Руди Гобер со 13 поени со 14 скока.