Многу малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за време на расправата за Буџетот во Собрание.
Според видео снимката која се појави, додека Битиќи говореше од говорницата, Стојановски упорно нешто му дофрлаше, на што Битиќи не остана рамнодушен.
„Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Уште еднаш немој да го употребиш. Прв и последен пат“, по што ја прекина репликата и видно револтиран се упати кон пратеникот Бојан Стојановски.
Според пишувањата на медумите, Стојаноски му рекол дека лаже и затоа Битиќи реагирал така бурно.