Пожар попладнево избувна во тетовско Желино, соопшти директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тоа е прв активен пожар за денеска, откако Ангелов претходно соопшти дека нема активни пожари на територијата на Македонија.
Од центарот за управување на кризи известија дека во гаснењето на пожарот ќе бидат вклучени два ер-трактори.