На интернет стана вирално видео од незгодниот момент помеѓу Никол Кидман и Салма Хајек на овогодинешната модна недела во Париз. Тие позираа по ревијата на брендот Баленсијага, која се одржа во рамките на настанот.
Се фотографираа со пејачката Кејти Пери, а Салма во еден момент се обиде да ја сврти Никол кон фотографите.
Меѓутоа, Кидман грубо ја фати за рака, ја оттурна и им го сврте грбот на фотографите. Тогаш Никол разменила неколку зборови со Кејти и си заминала.
Никол сигурно не го виде прстот пред себе со тие очила, но „не ме допирај“ беше сосема непотребно“, „На Салма и беше многу непријатно“, „Многу непотребно, немаше потреба да ја турка раката“, „Многу напнат момент“, напишаа луѓето во коментарите под снимката што беше објавена на Икс.
Некои додадоа дека се гледа дека има тензии меѓу актерките.
Os fotógrafos tirando fotos da Salma Hayek até a Nicole Kidman parar bem na frente dela e soltar um “don’t touch me” que deixou até a Katy Perry sem graça 😳 pic.twitter.com/3z5RK6Jfr1
— Central Reality (@centralreality) October 12, 2024