Фронтменот на „Оејзис“, Лиам Галагер, остро го искритикува обожавателот кој испали факела во публиката за време на настапот на бендот во Мелбурн, Австралија.
Галагер настапуваше со својот брат Ноел како дел од светската турнеја на бендот кога факелот полета кон публиката пред сцената.
Поради затворениот покрив на стадионот во тој момент, сцената беше уште подраматична, објавува „Индипендент“.
Видеата од инцидентот го покажуваат Галагер како мавта со прстот кон публиката, велејќи: „Тоа беше лошо. Лошо, лошо, лошо“.
The Oasis reunion tour's Australian leg kicked off with a dangerous disruption in Melbourne on Friday night after a fan set off a flare in the packed stadium.
The incident occurred at Marvel Stadium in front of more than 55,000 fans. During the song "Champagne Supernova," a… pic.twitter.com/ejMN5FOooq
— True Crime Updates (@TrueCrimeUpdat) November 1, 2025 
Следниот ден, пејачот дополнително го осуди однесувањето на обожавателот преку социјалните мрежи.
„До тој огромен п… кој испали факел во публиката на концертот во Мелбурн – ти си сериозно ск… индивидуа и ќе го добиеш своето, верувај ми“, предупреди Галагер.
Реакциите од обожавателите на објавата на Галагер беа мешани.
„Ова навистина создава вознемиреност во врска со идните концерти… Не можеме да дозволиме глупоста на неколку поединци да ни ја расипе атмосферата нам кои сакаме да уживаме во одличен бенд“, напиша еден следбеник.
Друг обожавател се прашуваше „како некој воопшто успеа да внесе факел на стадионот“.
Настапот во Мелбурн е дел од светската турнеја на Oasis која започна во јули и го означи враќањето на бендот по 16-годишна пауза. Групата претходно се распадна во 2009 година поради конфликт меѓу браќата Галагер.