Ураганот Милтон стигна на копно на Флорида, а ветровите долж западниот брег на државата продолжуваат да се засилуваат додека центарот на бурата се спушта на Сарасота.
Според Националниот центар за урагани, дуваат ветришта со брзина од над 150 километри на час. Нивото на морето во Нејплс и Форт Мајерс веќе се зголеми за еден метар и предизвика поплави.
Додека ураганот Милтон почнува да паѓа на копно, бркачот на бури и метеоролог Рид Тимер сподели снимка од областа јужно од Тампа
The eye wall of Hurricane Milton has arrived!!@EdgarONealWX @localmanweather pic.twitter.com/wtoxtkAGie
— Reed Timmer, PhD (@ReedTimmerUSA) October 9, 2024