Кошаркарот од „Џи“ лигата на натпреварот во забивање на ОЛ Стар викендот во НБА прескокна автомобилот, и влезе во историјата.
Бекот на Орландо, Мек МекКлунг испиша историја во Сан Франциско, победувајќи го својот трет последователен Ол-стар натпревар во забивање.
Ѕвездата на Џи лигата приреди извонредно шоу, забележувајќи совршени оценки во сите четири забивања.
“Тоа е нешто што сакам да го правам. Тука се појавува мојата креативност, искрено го сакам ова натпреварување, сакам да забивам”, изјави МекКланг.
Покрај МекКланг, само Нејт Робинсон победи уште три пати, во 2006 година, а потоа и во 2009 и 2010 година.
МекКланг го направи првото забивање над болидот, додека клучното, последно беше над Иван Мобли, кој ја држеше топката зад главата.
Посебно интересно беше што МекКланг пред да ја забие топката, со неа го допре обрачот и со тоа ги воодушеви сите.
Зад МекКланг заврши Стефон Касл од Сан Антонио, додека Матас Бузелис од Чикаго и Андре Џексон Јуниор го завршија натпреварувањето во првиот круг.