Неколку автомобили завршија во морето поради обилните врнежи на италијанскиот медитерански остров Сицилија, соопштија денеска пожарникарите.
Автомобилите беа однесени од поројна вода во близина на градот Рипостo на источниот брег, соопшти локалната противпожарна служба.
Според првичните извештаи нема повредени, а станува збор само за паркирани автомобили. На Сицилија веќе неколку дена врне силен дожд.
Пожарникарите мораа да бидат повикани неколку пати за да ги извлечат луѓето од нивните домови на безбедно. Во Рипостo успеале да спасат четворица станари од стан на приземје кој бил речиси под вода.
Итната помош ослободила и неколку возачи кои не можеле да излезат од возилата без помош. Аматерските видеа покажуваат возила речиси целосно потопени во кал.
Многу реки на островот Сицилија, каде живеат речиси 5 милиони луѓе, се излеаја од коритата и ги покрија улиците со порои од вода.
Италија веќе доживеа неколку бури во последните месеци, особено во северните региони како Емилија-Ромања и Ломбардија. Југот на копното и островот Сицилија претрпеа екстремни горештини во текот на летото.
Catania, Sicily this morning….pic.twitter.com/ho2DoILJsd
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) November 13, 2024
Massive floods due to torrential rains on the street in Acireale of Sicily region, Italy. pic.twitter.com/vcSxJjNri2
— News Of The Globe (@NewsOfEarthTr) November 13, 2024