Полковникот Надав Шошани, меѓународен портпарол на израелските одбранбени сили (ИД), објави декласифицирана видео снимка на која наводно се гледа што правел неодамна убиениот лидер на Хамас Јахја Синвар еден ден пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Шошани тврди дека видеото, кое се чини дека е снимено од безбедносните камери во еден од тунелите на Хамас, е снимено неколку часа пред нападот на Хамас врз Израел. Во него може да се види Синвар како носи вреќи, вода, перница и како што вели Шошани е телевизија.
Портпаролот на ИД Даниел Хагари тврди дека тунелот што се гледа на видеото е под домот на Синвар во Газа.
„Синвар се подготвуваше за долг престој во тунелот“
– Со часови беа сами. Синвар и неговиот син шетаат напред-назад, се опремуваат со храна, вода, перници, телевизор, душеци и други производи за долг престој во тунелот – рече Хагари, а пренесува Тајмс оф Израел.
– Неколку часа пред масакрот, Синвар се грижеше само за себе и за своето семејство додека испраќаше терористи да убиваат израелски деца, жени и мажи – додаде Хагари.
Хагари тврди дека израелските војници успеале да го пронајдат засолништето на Синвар во Кан Јунис, а портпаролот на ИД вели дека тоа личело на подземна тврдина. Во него Израелците нашле тоалети, туш кабина, кујна, кревет, униформи, сефови, многу пари и документи.
🎥DECLASSIFIED FOOTAGE:
Sinwar hours before the October 7 massacre: taking down his TV into his tunnel, hiding underneath his civilians, and preparing to watch his terrorists murder, kindap and rape. pic.twitter.com/wTAF9xAPLU
— LTC Nadav Shoshani (@LTC_Shoshani) October 19, 2024