За време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, патријархот Порфирије рече дека деновиве во Србија се случува револуција, „обоена револуција“ како што ја нарекуваат, и дека се надева дека ова искушение ќе биде поразено.
Патријархот Порфирије му ги пренел на Путин поздравите на Александар Вучиќ, пренесува „Н1“.
„Ви испраќа поздрави и ми кажа дека ќе биде тука на 9 мај, без оглед на околностите во Европа и на други места. Верувам и чувствувам дека нашата позиција во однос на Косово, Република Српска и Црна Гора зависи од позицијата на руската држава, на Руската Федерација на глобално ниво. Мојата желба, и желбата на мнозинството во нашата Црква, е во иднина, доколку има ново геополитичко прегрупирање, да бидеме блиску до таа руска средина“, рече тој.
Патријархот Порфириј рече дека разговарал за православието со патријархот Кирил.
„Не е лесно. И во нашата земја има револуција овие денови. Како се вика?“, побара тој превод на руски. – Обоени (цветной), – одговори владиката Иринеј.
„Обоената револуција – го знаете тоа. Се надевам дека ќе го надминеме тоа искушение, како што рековте. Бидејќи знаеме и чувствуваме дека центрите на моќ од Запад не сакаат да се развива идентитетот на српскиот народ и неговата култура. Ви благодарам за она што го кажавте и нека ви даде Бог сила и мудрост. Нашите молитви се секогаш со вас и се надевам дека Бог ќе ви помогне“, заклучи српскиот патријарх.
Путин одговори дека црквата се занимава со идентитетот, а особено РПЦ.
„Московскиот патријарх вложува многу труд во зајакнувањето на нашите традиционални вредности, нашите духовни темели. И секогаш кога се среќаваме, се сеќаваме и зборуваме за нашите православни браќа, а тоа е ставот на Светиот патријарх. Сигурен сум дека тој постојано зборува за тоа во разговорите со вас“, рече кратко Путин.
Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин денес во разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј, изјави дека знае оти ситуацијата на Балканот е многу тешка и дека ги знае напорите за зајакнување на позицијата на Србија, вклучително и одржувањето на Сесрпското собрание.
Тој рече дека очекува да го види српскиот претседател Александар Вучиќ на 9 мај во Москва на прославата по повод Денот на победата.
Vaša svetosti, bruka i sramota. pic.twitter.com/kXTdJUFqBb
— Stevanović Vladimir (@VladimirStev) April 22, 2025