Претседателката Гордана Силјановска Давкова е пред Градската болница „Свети Наум Охридски“.
.„Што можам да споделам? Надеж, потоа болката, млади луѓе се тоа, треба да ги охрабри дека ќе се спасат. Голема трагедија, не можам да поверувам како се случило, според првите информации пиротехника. Ова е нешто кое морало однапред да се предвиди“, рече Сиљановска-Давкова.
Не знам да ви кажам. Ова што го видов овде ми изгледа стручно. Не знам за центарот, добро што ми рековте, ќе прашам сега, рече претседателката.
Било што да ви треба, јавете се, им рече таа на родителите кои седеа на клупата пред болницата.
Претседателката соопшти дека директорот на болницата ќе напише се што е потребно од медицински материјали, бидејќи најверојатно имале потреба од повеќе гази.