Разговор со премиерот Христијан Мицкоски на Атлантскиот совет. Тој говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан.
На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет.
Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди, напиша Мицкоски.