Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикува самитот за климатските промени COP 29 во Баку и се прашуваше која е смислата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.
„Луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува секој ден во светот. Животот продолжува со старите навики, а нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – не менуваат ништо“, рече Рама, пишува „Гардијан“.
Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој посочи дека емисиите на јаглероден диоксид се зголемени од последниот самит на COP.
„Што значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега. Што, всушност, правиме на оваа средба повторно и повторно ако не постои заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за вистинска промена“, праша Рама.
Albanian Prime Minister Edi Rama slammed world leaders for not listening to each other's speeches, adding that ‘good words’ spoken during the COP29 climate summit will not change anything https://t.co/o66xVOO1fo pic.twitter.com/X0iimOjlYn
— Reuters (@Reuters) November 13, 2024