Ричард Гир пристигна со сопругата Алехандро Силва на гала вечерата Elle for Future, настан кој се одржа во Мадрид.
Овој настан се одржа во Мадрид, а доаѓањето на двојката на црвениот тепих е всушност нивно прво официјално појавување по преселбата од Америка во Шпанија.
Овој потег беше официјално завршен пред американскиот Ден на благодарноста, а Гир за камерите на шпанското издание на магазинот Elle ги откри и првите впечатоци од животот во татковината на неговата сакана сопруга.
„Овде е прекрасно. Чувството за заедница е силно и луѓето се грижат еден за друг. Знаете, во мојот свет, таквите врски, социјални врски и оние во заедницата се кршат и затоа навистина го ценам ова“, изјави Ричард Гир.
Холивудскиот актер е во брак со Алехандро Силва пет години и имаат два сина. Токму поради нив донесоа одлука дека растењето во Шпанија ќе им донесе многу повеќе отколку растењето во Америка.
Да потсетиме дека Ричард Гир неодамна го привлече вниманието на јавноста и тоа не на добар начин. Имено, тој се појави во емисијата Today за да ја промовира новата ТВ серија „Агенција“ во која глуми. За време на шоуто, актерот непријатно ги изненади сите присутни покажувајќи го својот среден прст.
Неговиот потег налути дел од гледачите, кои сметаа дека е несоодветно за утринска емисија, додека на другите целата приказна им беше урнебесна.