Португалската полиција покрена истрага откако доби дојава за видео снимка од пар како има секс пред дете.
Видеото од мистериозната бринета како има односи со маж во парк до дете среде бел ден додека други луѓе шетаат во близина стана вирална.
Запрепастени луѓе ја гледаа шокантната сцена на плажата на реката Табуао во близина на градот Паредес де Кура во регионот Порто во северна Португалија.
Жената од време на време гледа во мажите кои ја снимаат и непрекинато се насмевнува. Еден локален жител ги предупредил за нивното однесување.

Специјализирана полициска единица имала задача да го идентификува брачниот пар.
Бринетата на видеото не се крие и во еден момент дури разговара со девојката до неа додека таа скока горе-долу врз партнерот. Згрозените корисници на социјалните мрежи повикаа парот да биде казнет.

– Не се достојни да бидат родители. Тие треба да го заштитат детето од такви интимни работи – изјавила Елвира Ногуеира.