Сајбер камион на Тесла вчера удрил во бетонски ѕид и се запалил нешто по 3 часот по полноќ во Пиемонт, Калифорнија. Тројца од четворицата патници во автомобилот загинале на лице место.
Еден патник е спасен и хоспитализиран. Полицискиот капетан Крис Монахан рече дека сајбер камионот „прескокнал преку рабникот, удрил во бетонски ѕид и потоа се заглавил меѓу ѕидот и дрвото“.
Сајбертракот испратил автоматско предупредување до полицијата во 3:08 часот, а полицијата во исто време добила пријава од очевидци.
Тие пристигнале на местото на настанот и го затекнале возилото во пламен.
Човекот кој се возел зад Сајбертракот успеал да го спаси единствениот преживеан патник од запаленото возило.
Имињата, возраста и полот на жртвите сè уште не се објавени, а полицијата соопшти дека преживеаниот е во „стабилна“ состојба.
Полицијата се уште не утврди што ја предизвикало несреќата и пожарот.
A Tesla Cybertruck crashed in Piedmont this morning, burst into flames, and three victims died inside. Friends said the victims were '23 Piedmont High School grads who were enrolled in college and returned home for Thanksgiving.
Story: https://t.co/JQDgn94Hdm pic.twitter.com/PeJ5pa5bCR
— Amy Larson (@AmyLarson25) November 28, 2024