Едно лице загина, а две се повредени при уривање на мост на автопат во близина на градот Ла Лувиер, на југот на Белгија, соопштија властите. Градоначалникот Жак Гобер изјави дека еден работник на мостот загинал кога се урнал, додека други двајца се повредени.
Се појавија застрашувачки снимки од моментот кога се урна дел од мостот. На видеото се гледа како се урива тротоарот на дел од мостот, повлекувајќи два крана зад него, додека сообраќајот продолжува на другиот дел од мостот.
Повредените работници се пренесени во болница и еден од нив е тешко повреден, додека други двајца полесно. Инцидентот се случил кога на мостот работеле 12 работници, а коловозните ленти биле полни со возила.