Дозволата од американскиот претседател Џо Бајден, Киев да гаѓа длабоко во руска територија со американски ракети со долг дострел, ги става во опасност животите на сите Американци, вели американскиот новинар Такер Карлсон.
Претседателот во заминување, Џо Бајден, штотуку започна војна со најопасната земја во светот. Сите сме многу блиску до смртта. Сепак, некако републиканскиот претседател на Претставничкиот дом не го ни спомна, на јавни или на лидерски средби. Што се случува? – праша тој на Икс.
A lame duck president just started a hot war with the world’s most dangerous country. All of us are very close to being killed. Yet somehow the Republican Speaker of the House hasn’t even mentioned it, in public or in leadership meetings. What is going on? https://t.co/91Hx4wohVt
— Tucker Carlson (@TuckerCarlson) November 20, 2024
Ако САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека, иако Украина има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД.