Репортерката на Си-ен-ен, Клариса Вард, го открива луксузниот живот што го живеела династијата Асад.
Палатата беше заземена од бунтовничките сили откако поранешниот претседател побегна во Русија.
Сиријците се собираат пред палатата на Башар ал-Асад во Дамаск да се фотографираат и да го прослават неговото соборување. Граѓаните не смеат да влезат во пространиот комплекс, чиј двор е поголем од една градска четвртина.
Куршуми, испукани од бунтовниците за време на прославата кога ја презедоа контролата, сè уште може да се најдат насекаде на теренот.
На самиот влез распослано е иранско знаме за да може луѓето да газат по него. Иран му беше најлојален сојузник на Башар ал-Асад.
Еден бунтовник побарал од новинарката да стави шамија. Новинарката на Си-ен-ен вели дека тоа е првпат откако стигнале таму некој да побара да си ја покрие косата.
„Стоењето во оваа палата по речиси 14 години сурова граѓанска војна е горд момент што ја заокружува сеизмичката победа“, вели новинарката.
Бунтовниците сакале да нагласат дека не ја ограбиле палатата кога првпат влегле. На прозорците се гледа графитот на првите бунтовници: „Алах да ја проколне душата на Хафез ал-Асад“. Хафез ал-Асад беше татко на Башар.
Кога ќе ги гледате овие тавани, лустери, мермер и сите овие детали, можете да ги видите изобилството и богатството, луксузниот начин на живеење на семејството Асад, што предизвика толкаво негодување кај многу Сиријци што се бореле да преживеат со децении, вели новинарката.
Во гаражата има многу луксузни автомобили, „ферари“, „ламборгини“.