На социјалните мрежи кружи необично видео од Кеопсовата пирамида, најголемата и најстарата од трите пирамиди во близина на Гиза, а воедно и најголемата во светот.
Снимен е од авантуристот Алекс Ланг, кој решил да ја „заобиколи“ древната градба со параглајдер.
Ланг се искачил над пирамидата на 14 октомври, а кога се приближил до врвот не можел да им верува на своите очи. Видел куче како талка по камените блокови.
„Тој лаеше по птиците што летаат над неговата глава“, рече тој подоцна.
Корисниците на социјалните мрежи останаа запрепастени, а бројни светски медиуми ја пренесоа необичната приказна.
Пирамидата во Гиза е висока 138 метри и е направена од големи блокови варовник, базалт и гранит, па многумина се обиделе да разберат како животното се искачило на врвот.
„Тоа е неверојатно искачување! Сосема лудо“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Мора да му требаше многу време“.
Многумина се пошегуваа со приказната, пренесува Daily Mail.
„Тоа е сега неговата пирамида“, „О, цел Египет е негов“, „Не е куче, туку Анубис (бог на подземјето, балсамирање и задгробен живот)“, гласат дел од коментарите.