Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска организираше голема прослава за 68-от роденден, на која присуствуваше целата општинска администрација.
За прославата тој се пофали преку официјалната фејсбук-страница на Општина Струга.
Таму се објавени фотографии и видеа од денешната свеченост.
Тој доби уметничка слика и роденденска торта во форма на бројот 68, колку што прославува години.
Мерко пред речиси две години беше ставен на „црната листа“ на САД поради сомневања за корупција, а тој лани доби дополнителни кривични пријави за разни злоупотреби и неправилности во работењето како градоначалник.