Американскиот новинар Такер Карлсон смета дека американските власти се обиделе да го убијат рускиот претседател Владимир Путин за време на претседателствувањето на Џо Бајден.
„Администрацијата на Бајден се обиде да го убие Путин“, му рекол тој на својот колега Мет Таиби, пренесе „Дејли Мејл“.
JUST IN: 🇺🇸🇷🇺 Tucker Carlson says the Biden administration "tried to kill" Russian President Putin. pic.twitter.com/BH0AsGIplz
— BRICS News (@BRICSinfo) January 28, 2025
Новинарот не наведе детали или аргументи во прилог на неговата верзија.
Според него, поранешниот американски државен секретар Ентони Блинкен силно притискал за вистинска војна меѓу САД и Русија во неговите последни два месеци на функцијата.
Карлсон е првиот западен новинар што интервјуирал руски претседател од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година. Двочасовното интервју беше објавено ноќта на 9 февруари и имаше повеќе од 170 милиони прегледи на социјалната мрежа „Икс“ и повеќе од 10 милиони на „Јутјуб“.