Силниот дожд што го зафати попдалнево Тетово, поплави улици и дворови во градот и околината.
Пожарникарите извлекувале и комбе заглавено во поплавениот подвозник во село Желино.
Се испумпува вода од куќи, подруми и дворови информираат од противпожарната тетовска бригада.
Oттаму велат се очекува нов дожд и подготвени се повторно да излезат на терен за да санираат евентуални нови штети.