Најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо Масијас, познат и како Фито, е повторно фатен повеќе од една година откако избега од затвор со максимална безбедност.
Фито, водач на озлогласената банда Лос Чонерос, беше пронајден во неговиот роден град Манта, по десетчасовна операција на безбедносните сили. Видео објавено од еквадорската војска покажува униформиран војник како му насочува пиштол во главата откако бил пронајден скриен во мала дупка под кујнскиот шанк.
Масијас има богато криминално досие, вклучувајќи обвиненија за убиства и организиран криминал, а беше осуден на 34 години затвор во 2011 година.
#Atención | Así fue la captura de José Adolfo Macías Villamar, alias ‘Fito’, cabecilla de la banda ‘Los Choneros’ y uno de los criminales más temidos de Ecuador. #LéaloEnET: https://t.co/k194ADgqPj pic.twitter.com/IVO58SdYVn
— El Telégrafo Ecuador (@el_telegrafo) June 26, 2025
Понудија награда од милион долари
За негово апсење беше понудена награда од еден милион долари. Властите сè уште не објасниле како избегал – неговото исчезнување било откриено дури кога војската дошла да го земе за префрлање во друг затвор и пронашла празна ќелија.
По бегството, беше прогласена вонредна состојба во траење од 60 дена. Во овој период, маскирани вооружени лица упаднаа во телевизиско студио за време на пренос во живо и тврдеа дека имаат бомби.
Интерпол брзо издаде меѓународна потерница за Мациас, кој треба да се соочи со судење во Њујорк за меѓународна трговија со дрога и оружје.
Мациас е обвинет за дистрибуција на кокаин низ целиот свет и шверц на оружје и муниција од Соединетите Американски Држави во Еквадор, во соработка со мексиканските картели.
Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа потврди дека неговата влада веќе побарала екстрадиција на Мациас во САД и најави дека „ќе паднат повеќе познати водачи на банди“.
Имал култен статус
Мациас, кој имаше речиси култен статус кај дел од јавноста, беше познат по организирањето забави со алкохол и борби со петли во затвор. Во 2023 година, тој објави видео обраќање до луѓето од затвор, опкружен со вооружени чувари.
Минатата година, САД ги прогласија Лос Чонерос за една од најнасилните банди во светот, додека Еквадор ја означи групата како терористичка организација.
Неговото апсење доаѓа неколку недели откако владата објави дека ќе ја зголеми наградата за неговото апсење на 1 милион долари.