Стадионот Тропикана Филд, домот на Тампа Беј Рејс, беше тешко оштетен од ураганот Милтон, пренесува Скај Њуз.
Снимката прикажана на локалната телевизија и споделена на социјалните мрежи го покажува куполниот платнен покрив на стадионот во Сент Петербург беше целосно уништен.
Не е јасно дали е оштетена внатрешноста на стадионот, но се верува дека нема повредени. Стадионот не се користи како засолниште, туку го користат екипите за итни случаи донесени во областа за да помогнат во справувањето со последиците од невремето, според NBC.
Tropicana Field fabric roof is shredded as we expected it would. I saw they were housing the lineman/National Guard and questioned why they would do that with 125MPH storm moving in? Hope they moved everyone out. 🙏🏽🙏🏽🙏🏽 #TropicanaField #Rays pic.twitter.com/XXoReOb82E
— The JP Peterson Show (@JPPetersonshow) October 10, 2024
Roof is gone at Tropicana Field #milton #rays
Video by: Nick Friedman@mysuncoast @WESH pic.twitter.com/VME6Um351J
— Nick Burch (@PageWebber) October 10, 2024