Кошаркарите на Црвена звезда, како гости во белградска Арена, го совладаа Партизан со 73:71 во 24. коло од Евролигата.
По 40 минути неверојатна драма, вечното дерби го решија поените на Немања Недовиќ од линијата за слободни фрлања. Претходно, во последната секунда при шут за три поен беше фаулиран од Стерлинг Браун.
Рововска битка на теренот, исполнета со многу грешки на двете страни донесе вечното дерби. Неизвесноста најдобро го отсликува податокот дека најголемата предност на Партизан изнесуваше пет поени, а Црвена звезда два пати во последниот период имаше водство од шест поени.
Драмата кулминираше во последните 69 секунди. Партизан имаше моност преку Карлик Џонс да го преземе водството, но најдобриот играч на Партизан погоди само едно слободно фрлање.
Нападот на Црвена звезда не го реализира Недовиќ, се обиде за три поени, но топката излезе од обачот. Стрелинг Браун не реализира на спротивната страна, кога се залета против целата одбрана на противникот.
Последниот напад го имаше Црвена звезда, на истекот на времето, Браун направи наивцен фаул врз Недовиќ кој доби три слободни. Ги погоди првите две, третото намерно го промаши.
Црвена звезда ја предводеа центрите Филип Петрушев и Џоел Боломбој, со 17 односно 14 поени. Двајцата имаа по осум скока. Коди Милер Мекинтаер мечот го заврши со 11 поени и шест асистенции.
Кај Партизан само Карлик Џонс беше двоцифрен, постигна 20 поени.
Црвена звезда со скор 14-10 се наоѓа на делбан на четвртото место на табелата, Партизан со 12-12 е на 12.место.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 31, 2025