Најмалку 19 лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги надминаа сите прогнозирани модели, рече привремениот претседател Хан Дак-Су.
Илјадници пожарникари се борат со повеќе од десетина пожари во југоисточниот дел на земјата од викендот. Во катастрофата загинаа 18 лица, а шестмина беа тешко повредени.
Како одговор на ситуацијата, Хан во средата објави дека нивото на безбедност се подига до максимум и прогласи „целосен национален одговор“
„Шумските пожари што горат веќе пет дена во Улсан и во регионот Гјеонгсанг предизвикуваат невидена штета“, рече Хан, додавајќи дека тие се шират на начин што „ги надминуваат сите постоечки модели на прогнозирање“. Состојбата со пожарите ја влошува сувото и ветровито време.
❗️🇰🇷 – At least 16 people have died in wildfires across South Korea as of March 25, 2025.
A massive fire that started in Uiseong, North Gyeongsang Province, has been spreading for four days, reaching Andong, Cheongsong, Juwangsan National Park, Yeongyang, and Yeongdeok.
The… pic.twitter.com/2PfbUdhwu6
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) March 25, 2025
Јужна Кореја ги приземји сите противпожарни хеликоптери откако еден од нив се урна утрово додека се бореше со разорните шумски пожари кои го пустошат југоисточниот дел на земјата. Најмалку едно лице загина во хеликоптерската несреќа.
Хеликоптерот се урнал додека го гаснел пожарот кој брзо се шири во провинцијата Ујсеонг, на околу 200 километри југоисточно од Сеул. Според извештаите, во хеликоптерот имало само пилотот за кого немало спас.