Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека се повлекува од тенисот.
Поздрав до сите. Овде сум да ве информирам дека ставам крај на мојата професионална кариера. Реалноста е дека имав тешки години зад мене, особено тешки беа последните две.
Мислам дека не би можел да играм без ограничувања. Ова е секако тешка одлука, за која ми требаше малку време да ја донесам. Но, сè во животот има почеток и крај и мислам дека ова е вистинско време да се стави крај на кариерата која беше долга и многу поуспешна отколку што можев да замислам.
Многу сум возбуден што мојот последен турнир ќе биде финалето на Дејвис купот каде ќе ја претставувам мојата земја. Мислам дека го затворив кругот, бидејќи еден од првите успеси во кариерата беше играњето во финалето на Дејвис купот во Севилја во 2004 година.
Се чувствувам многу, многу среќен поради сите работи што ги доживеав. Сакам да се заблагодарам на целата тениска индустрија. На сите кои се дел од овој спорт, на сите мои колеги, особено на моите најголеми ривали. Поминав многу часови со нив и доживеав многу моменти кои ќе ги паметам до крајот на мојот живот“, изјави Шпанецот.
Легендарниот тенисер реши да стави крај на својата тениска кариера која изобилуваше со одлични резултати, што го вбројува меѓу најдобрите тенисери на сите времиња.
Во текот на кариерата Надал освои 22. Грен слем титули, 14 од нив се на Ролан Гарос.
Освен во Париз, Надал има четири титули на Ју-ес опен, а две на Австралија опен и Вимблдон.
Шпанецот најголемите битки ги водеше со Новак Ѓоковиќ, против кого одигра најмногу гренд слем финалиња во кариерата, но често споменуваше дека Роџер Федерер му бил најголемиот ривал.
Неговите натпревари против Новак и Роџер ќе се паметат уште многу години, па јавноста со право ги нарече „големата тројка“.
Во кариерата вкупно освои 92 титули што го прави петтиот најуспешен тенисер во опен ерата.
Надал својот најдобар тенис го одигра во 2008 година, кога на 1 август стана тенисер број еден во светот.
Успешен беше и кога играше за шпанската репрезентација, бидејќи во 2008 година освои златен медал на Олимписките игри во Пекинг, на Игрите во Рио де Жанеиро осови злато во дубл. Четири пати со Шпанија го освои Дејвис купот.
Mil gracias a todos
Many thanks to all
Merci beaucoup à tous
Grazie mille à tutti
谢谢大家
شكرا لكم جميعا
תודה לכולכם
Obrigado a todos
Vielen Dank euch allen
Tack alla
Хвала свима
Gràcies a tots pic.twitter.com/7yPRs7QrOi
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) October 10, 2024