Правната драма на Шон Комбс, попознат како Диди, стана една од главните вести во светот на славните.
Вил Смит беше меѓу големите ѕвезди вклучени во гласините за учество на злогласните freak off – забави, а актерот сега одлучи да ги демантира тие гласини.
За време на настапот во The Observatory North Park во Сан Диего во четвртокот, актерот излезе на сцената и почна луто да зборува за Диди, но и за тоа како не сака да се поврзува со тековните наводи и драма што се создаде околу целиот случај.
„Ги гледам вашите мемиња и работи“, рече тој. „Некои од тие работи се смешни, можете да ги запрете глупостите. Не бев ни блиску до freak off… Не бев ни блиску до тој човек. Не правев глупости. Така, кога и да слушнете некого, кажете го тоа, тоа е лага“.
Не можеше да одолее да го „спушти“ Диди кој се сопнуваше, додавајќи низ смеа: „Не сакам ни масло за бебиња“. Се разбира, оваа шега беше упатување на апсурдните количини бебешко масло пронајдени на имотите на Диди.
Смит, исто така, призна дека се обидува да ја игнорира негативноста, но чувствува потреба да се справи со ситуацијата поради нејзината сериозност. „Обично не одговарам на глупави работи. Луѓето кажуваат секакви работи, но ова, мемињата отидоа предалеку. Немам никаква врска со Паф, па можете да престанете со тие мемиња“, изјави тој.