Владата на Мали денеска почна да ги запленува злато на канадската рударска компанија Барик, како дел од правната битка за дел од приходите што и се должат на западноафриканската нација, се вели во писмото на Барик.
Запленувањето следи по предупредувачкото писмо до Барик претходно овој месец од Високиот истражен суд на Мали, во кој се вели дека три тони злато ќе бидат запленети.
Во понеделникот, висок менаџер на Барик потврди дека владата на Мали запленила три тони злато.
Според менаџерот, златото било извадено од рудник во близина на Кејс на запад и транспортирано со авион и камион во главниот град на Мали, Бамако.
Канадската рударска компанија „Барик Голд“ соопшти дека ги прекинува своите операции во Мали откако владата го заплени златото.
Вредноста на златото кое беше запленето од комплексот Луло-Гонкуто се проценува на 245 милиони долари, а ќе биде транспортирано во државната банка BMS во главниот град Бамако, пренесува Reuters повикувајќи се на анонимен извор.
Мали е еден од водечките африкански производители на злато, но со години се бори со насилство и високи стапки на сиромаштија и глад.